За 6 месеци булеварот „Гологанов“ двојно поширок
Пошироки булевари, помалку нервозни возачи и сообраќаен метеж..

Пошироки булевари, помалку нервозни возачи и сообраќаен метеж. Зголемување на бројот на коловозните ленти на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов е од големо значење за сите, но најмногу полза ќе имаат жителите на Козле, Тафталиџе, Карпош. Ова е трета фаза и ќе опфати реконструкција од крстосницата со булеварот „8 Септември“ до улицата „Московска“ во должина од 1.600 метри.
„Вкупно за првата, втората и третата фаза ќе бидат потрошени 250 милиони денари, а ако дополнително се додадат и улучните осветлувања повеќе од 4 милиони евра“ - Коце Трајановски, градоначалник на град Скопје
Во изминативе години главниот град ја доживува најголемата трансформација.
„Скопје станува град кој може да одговори на потребите на своите граѓани. Како еден од најбрзорастечките градови во регионот, Скопје забрзано се претвора во град со динамична демографија и континуирана урбана експанзија. Развојот на градот е заедничка одговорност и инвестиција на граѓаните, локалната и на централната власт. За шест месеци треба да завршат градежните работи на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов. Тогаш ќе има четри коловозни ленти и ќе се намали сообраќајниот метеж во главниот град“ - Никола Груевски премиер на РМ
Наташа Јанчиќ
