Средба Иванов- Николиќ во Битола

16.09.2016 16:56

За време на својата прва посета на Битола, претседателот на Србија Николиќ, придружуван од својот домаќин претседателот Иванов прошета по Широк Сокак, а оствари средби и со претставници на српската заедница...

Македонија со сите соседи сака да гради добрососедски односи- рече претседателот Иванов по средбата со српскиот колега Николиќ, кој е во Битола за одбележување на 100-годишнината од битката на Кајмакчалан.

„Со склучувањето на билатералниот договор за заштита на културно историските споменици ќе биде овозможено и гарантирано правото на негување, чување и чествување на културните наследства, традиции и настани од историско значење на двете страни. Ние како претседатели не можеме да ја менуваме историјата, но можеме да ја менуваме сегашноста и иднината, а нашата заедничка иднина е остварување на нашите стратешки цели“, истакна претседателот Иванов.

Николиќ смета дека може да се решат отворените прашања.

„Ние имаме некои наследени отворени прашања и нема да им ги оставиме тие прашања на нашите деца, ќе ги решиме сами. Тоа не се големи проблеми и кога ќе ги тргнеме ќе можеме во голема мерка да го развиваме пријателството. Економијата ги надмина проблемите, нашите луѓе извонредно соработуваат, остана оние кои времето го мерат со векови, да ги научиме времето да го мерат со денови“, изјави претседателот Николиќ.

За време на својата прва посета на Битола, претседателот на Србија Николиќ, придружуван од својот домаќин претседателот Иванов прошета по Широк Сокак, а оствари средби и со претставници на српската заедница, како и со почесниот српски конзул во овој град.