Прифатниот центар во Гевгелија- дом за околу 130 мигранти

16.09.2016 17:02

Мигрантската криза сѐ уште ја притиска земјава. Во моментов, во прифатно – транзитниот центар во Гевгелија има околу 130 мигранти. Таму се веќе неколку месеци. Велат дека се задоволни од условите, но сакаат да продолжат кон Европа. Во посета на центарот, беше новиот европски амбасадор, Самуел Жбогар. Вели дека Брисел досега на Македонија и дал помош вредна 14 милиони евра...

За мигрантите од Ирак, Сирија и Авганистан во центарот во Гевгелија, денот почнува со секојдневните активности. Животот е организиран, ним сепак им недостига матичната држава. Сите би се вратиле доколку се врати и мирот во нивните земји.

Да се спојат со семејствата во Западна Европа е императив за овие многубројни семејства. Затоа не се решаваат да бараат азил во земјава. Со нетрпение очекуваат што и каде понатаму.

Европската поддршка нема да изостане, вети нејзиниот претставник во Македонија,
амбасадорот Жбогар. Нова опрема во возила со 24-но надгледување, постојани ротации на над 150 европски и странски полицајци со колегите од македонската полиција и војска.

Жбогар беше и на самата граница кадешто лани беше запрена илегалната миграција кон ЕУ по интервенцијата на македонските власти.

Зоран Богатинов