Ребалансот за поплавите пред пратениците

19.09.2016 08:08

Со ребалансот се предлага обезбедување дополнителни 35 милиони евра за целосно обесштетување на поплавените...

Собранието на Република Македонија денеска во рамки на 117-тата седница треба да почне расправа по новиот ребаланс на Буџетот за 2016 година, кој се предлага за да се обезбедат средства за целосно обесштетување на штетите од поплавите од 6 август годинава.

Со ребалансот се предлага обезбедување дополнителни 35 милиони евра за целосно обесштетување на поплавените.

Приходите во Буџетот се непроменети и остануваат на ниво на проекцијата од 174.291 милион денари. Расходите се зголемуваат од 195.472 милиони денари на 197.410 милиони денари, а се зголемува и буџетскиот дефицит од 3,6 на 4 проценти и ќе изнесува 23.119 милион денари, наместо 21.181 милион денари.

Ова е втор ребаланс на Буџетот годинава. Првиот беше направен во јули годинава.