Помош и поддршка за поплавените од Израел
Израел е водечка земја во водниот инженеринг во светот, и ја нуди својата помош во експертски совети, во борбата против последиците од големото невреме и поплавите кои го погодија Скопје минатиот месец.

Израелски експерти за елементарни непогоди, денеска во Стајковци со амбасадорот Дан Оријан ќе донираат градежен материјал и опрема за поплавените подрачја.
Израел е водечка земја во водниот инженеринг во светот, и ја нуди својата помош во експертски совети, во борбата против последиците од големото невреме и поплавите кои го погодија Скопје минатиот месец.
За претставниците од министерствата за транспорт и животна средина, стручњците од Израел ќе одржат и дводневен семинар. Управувањето со водите ќе биде главна тема на утрешната конференција со претставниците од 70-тина комунални претпријатија од земјава.
