Генератори и пумпи за Скопскиот регион од Русија

19.09.2016 10:17

Донацијата ќе биде доставена денеска во Дирекцијата за заштита и спасување...

Мобилни генератори, специјални пумпи и опрема, ќебиња, конзервирана храна, е руската помош за населението во поплавените подрачја во Скоскиот регион.

Донацијата ќе биде доставена денеска во Дирекцијата за заштита и спасување, а пристигна со специјален автомобилски превоз од Русија, како помош од тамошното Министерство за цивилна одбрана и вонредни состојби.