Посвежо време со врнежи и грмежи

19.09.2016 09:29

Во наредните денови температурите ќе опаѓаат, поради посвежата воздушна маса која пристигнува од северните делови на Европа...

Променливо и облачно, со повремени врнежи од дожд, наместа ќе бидат поројни и проследени со грмежи, најавуваат од УХМР.

Температурата ќе се движи од утринските 10, до 28 степени. Во наредните денови температурите ќе опаѓаат, поради посвежата воздушна маса која пристигнува од северните делови на Европа.

Утре ќе дува засилен ветер од северен правец.