Путин ја поздрави победата на „Единствена Русија“
19.09.2016 11:35
Со 52% од гласовите за изборот на државната Дума, партијата на Путин ги порази либералите, комунистите и „Праведна Русија“.

Рускиот претседател Владимир Путин ја поздрави победата на владејачката партија „Единствена Русија“ на парламентарните избори, наглсувајќи дека народот гласал за политичка стабилност.
Со 52% од гласовите за изборот на државната Дума, партијата на Путин ги порази либералите, комунистите и „Праведна Русија“.
Изборите, според него, се важни зашто се последните кои се одржуваат пред претседателските избори закажани за 2018 година.
