Турција: Приведени 40 странски државјани поради сомнение за поврзаност со ИД

19.09.2016 12:44

Полицијата извршила претрес на 23 адреси при што се запленети многу документи и дигитални уреди за кои се верува дека се во сопственост на џихадистите.

Приведени се 40 странски државјани во Истанбул поради сомнение дека престојувале во Сирија. Операцијата е дел од акцијата на припадниците на безбедносните сили за борба против Исламска држава.

Полицијата извршила претрес на 23 адреси при што се запленети многу документи и дигитални уреди за кои се верува дека се во сопственост на џихадистите.

Претседателот Ердоган најави нова офанзива во Сирија. Изминатиот месец Турција за првпат прати тенкови преку границата, почнувајќи ја борбата против џихадистите и Курдите.