Еуросупер 95 и Екстра лесното масло намалени за половина денар

19.09.2016 12:59

Согласно денешната одлука на Регулаторната комисија за енергетика, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 отсега ќе биде 63,50 ден/лит, додека на Екстра лесното масло за домаќинство 36,50 ден/лит.

Од ноќеска на полноќ цената на ЕУРОСУПЕР БС - 98 и Екстра лесното масло за домаќинство се намалува за 0,5 денари за литар, а на ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОДИЗЕЛОТ останува иста.

Согласно денешната одлука на Регулаторната комисија за енергетика, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 отсега ќе биде 63,50 ден/лит, додека на Екстра лесното масло за домаќинство 36,50 ден/лит.

Цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 и понатаму останува 62 ден/лит, а на ЕУРОДИЗЕЛ 48 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот се намалува за 0,213 ден/кг и тој ќе се продава по цена од 22,795 ден/кг.

Новите цени на нафтените деривати се направени согласно референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во изминатиот 14-дневен период.