Европски грант за технички развој

31.01.2014 18:17

Оскудните финансиски средсдва и скромната техничко технолошка инфраструктура...

Оскудните финансиски средства и скромната техничко технолошка инфраструктура, досега беа главните причини за иновативната научно истражувачка работа  досега да биде на едно пониско ниво. Со имплементацијата на проектот за опремување на лабараториите на високонаучните установи, владата овозможи една битна претпоставка за истражување. А со новиот фонд и грантот од Европската Банка се решава и највазната компонента по која најчесто трагавме надвор од земјава велат експертите чија цел е нивните иновации да овозмозат добробит во сите сегменти на живеењето.

„Ние се надеваме дека дел од тие средства ќе извлечеме. Но за да аплицираме ние мора да ги показеме сопствените референци, а тоа е она што ке го изработиме да се најде во врвните списанија, и нормално нашите студенти  кои треба да бидат идните референси“ рече доцент професор  др Миле Петковски

„Сега очекувам на сите студенти,професори магистранти докторанти и сите оние што се занимаваат со иноваторство тука да најдат лесен пат до реализирањето на одредените проекти“ вели доцент професор др Зоран Јошевски.

Овој нов момент е добредојден за Техничкиот Факултет на Битолскиот универзитет. Значењето ке биде огромно , затоа што најголем дел од наставно научниот кадар е посветен на иноваторството а од друга страна ке биде предизвик за идните бруцоши.

„Токму овој фонд ке овозмози повеке апликации а воедно и промовирање на техничките науки за запишување на подобри студенти на факултетот“ вели деканот професор др Весна Ангелевска

Крајната цел е раздвизување на стопанството и одговарање на потребите на странските инвеститори кои во земјава од ден на ден ги има се повеке.

Со новоформираниот фонд од неодамна се отвара и светската каса за Македонските иноватори.  Експертите велат сега ке оди полесно а нивните иновации ке бидат поприфатливи за  стопанството и поширпката јавност.


новинар Стевче Митревски

снимател Васко Проевски