Иванов се сретна со македонската дијаспора

19.09.2016 13:04

Ова е дел од неговата работна посета во рамките на Генералното заседание на ОН, каде што Иванов ќе има и обраќање поврзано со илегалната миграција...

Претседателот на Република Макеоднија Ѓорге Иванов се сретна со претставниците на македонската дијаспора во Њу Џерси, САД.

Ова е дел од неговата работна посета во рамките на Генералното заседание на ОН, каде што Иванов ќе има и обраќање поврзано со илегалната миграција.

Шефот на државава присуствувал на традиционалниот фестивал, организиран од дијаспората, а ја посетил и црквата „Св. Кирил и Методиј“.

Да соработуваме и да се сплотуваме- им порачал Иванов на македонските иселеници.