Црвен крст: Исплатени над милион евра на 4.200 семејства
Поради одредени нотарски грешки од граѓаните што се пријавуваа на листата за примање на овие средства, распределбата беше пролонгирана за неколку дена.

На трансакциските сметки на околу 4.200 поплавени семејства се префрлени милион и 20 илјади евра, известија денеска од Црвениот крст на РМ. Донацијата беше собрана преку банкарски сметки и преку броеви од сите мобилни оператори.
Поради одредени нотарски грешки од граѓаните што се пријавуваа на листата за примање на овие средства, распределбата беше пролонгирана за неколку дена.
Минатата недела Црвениот крст потпиша договор за половина милион евра со австриските колеги. Овие средства ќе бидат распределени на триста социјално ранливи семејства, заведени во евиденцијата на Министерството за труд и социјална политика.
