Извештајот на СЈО в понеделник на собраниска седница

19.09.2016 13:29

Извештајот на специјалната обвинителка Катица Јанева, се однесува за периодот од 15-ти септември 2015 до 15-ти март годинава.

Вториот 6-месечен извештај на Специјалното јавно обвинителство, Собранието ќе го разгледува на седницата што спикерот Вељаноски ја закажа за идниот понеделник.

Извештајот на специјалната обвинителка Катица Јанева, се однесува за периодот од 15-ти септември 2015 до 15-ти март годинава.

На пленарната седница пратениците ќе го разгледуваат и годишниот извештај за работата на јавните обвинителства за 2015 година.

Претходно двата извештаи треба да се најдат пред Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците.