Опозицијата во Косово бара предвремени избори

19.09.2016 14:11

Претставниците на трите партии сметаат дека земјата е во политичка и економска криза зашто, според нив, Владата е корумпирана и вмешана во организиран криминал...

Обединетата косовска опозиција, Алијансата за иднината на Косово, Иницијатвата за Косово и Движењето „Самоопределување“ бараат предвремени парламентарни избори.

Претставниците на трите партии сметаат дека земјата е во политичка и економска криза зашто, според нив, Владата е корумпирана и вмешана во организиран криминал, а прашањето со демаркацијата на границата со Црна Гора не е решено.