Почна собраниската расправа за ребалансот на буџетот

19.09.2016 14:43

Дополнителните средства наменети за санирање на штетите делумно се обезбедуваат со заштеди од одредени позиции кај буџетските корисници, а делумно со зголемување на буџетскиот дефицит, појасни министерот Миноски.

Почна пленарната расправа за ребалансот на буџетот. Со него се предвидени дополнителни средства во износ од 2 милијарди 240 милиони денари, односно околу 36,4 милиони евра за постојана резерва за надминување на последиците од поплавите на 6-ти август.

Министерот за финансии, Кирил Миновски, рече дека државата целосно ќе ги обесштети луѓето од поплавените места.

Дополнителните средства наменети за санирање на штетите делумно се обезбедуваат со заштеди од одредени позиции кај буџетските корисници, а делумно со зголемување на буџетскиот дефицит, појасни министерот Миноски.

Ги потсети  пратениците на сликите од катастрофалната поплава која, како што рече, остави илјадници граѓани буквално без ништо.

Наредниве  денови во Собранието, посочи, не се дискутира само за ребаланс на Буџетот, туку се говори и за судбината на илјадници граѓани на кои им е потребна помош.  Би сакал да ги повикам пратениците да ги земат превдид овие факти и да го поддржат ребалансот на Буџетот, потенцира министерот за финансии.