Универзитетите од Битола и од Солун ќе соработуваат

19.09.2016 14:58

Се зајакнува културната врска меѓу двата града, изјавија ректорите на овие академски установи, по потпишувањето на договорот за соработка.

Универзитетите од Битола и од Солун ќе соработуваат во областите на наставно научните активности. Се зајакнува културната врска меѓу двата града, изјавија ректорите на овие академски установи, по потпишувањето на договорот за соработка.

Според Сашо Коруновски, ректор на Битолскиот универзитет, основната идеја е зајакнување на културнате врски меѓу двата града и региони како и нивно возобновување на академски план.

За Периклес Миткас, ректор на универзитетот „Аристотел“ од Солун, оваа соработка ќе се движи во насока на доближување и овозможување партнерски односи меѓу студентите и вработените и надградување на постоечката меѓусебна релација и соработка меѓу двата града.