Соработка со територијалната гарда од Вермонт

19.09.2016 15:10

Генералот Креј беше примен и од министерот за одбрана Зоран Јолевски, при тоа Јолевски посочил дека е одличен пример на соработка, испраќањето на двајцата питомци на школување во приватниот воен универзитет Норвич.

Размена на искуства за мигрантската криза и за справување со последиците од елементарните непогоди. За ова денеска, во Генералштабот на Македонската армија разговарале началникот Генерал- потполковник Методија Величковски, со неговиот гостин, командантот на Националната гарда на американската држава Вермонт, генерал мајор, Стивен Креј.

АРМ и Националната гарда на Вермонт спроведоа заеднички мировни операции, како и воени вежби. Генералот Креј беше примен и од министерот за одбрана Зоран Јолевски, при тоа Јолевски посочил дека е одличен пример на соработка, испраќањето на двајцата питомци на школување во приватниот воен универзитет Норвич.

Соговорниците разговарале и за развој на трилатералното партенерство меѓу Македонија, Вермонт и Сенегал во однос на размената на искуства од оваа област.