Осветлена клучката кај Штип
Безбедноста во сообраќајот на автопатот Штип-Скопје, кај клучката во непосредна близина на Три Чешми конечно ќе биде подобрена.

Тоа е поради фактот што се поставени над 30 електрични столбови, со што овој значаен сообраќаен дел во близина на Штип веќе е доволно осветлен. За целиот зафат средствата се обезбедени од страна на ЈП за државни патишта.
Активностите за осветлување на овој дел од автопатот Штип Скопје, кој се наоѓа во непосредна близина на влезот во Штип, е од големо значење за самата општина и поради тоа оваа активност е иницирана токму од локалнатата власт.
Осветлувањето на клучката кај Три Чешми, ЈП за државни патишта го чинеше 27 милиони денари, а ова е само дел од програмата на Владата за осветлување на позначајните клучки. Она што следува е осветлување на клучките кон Радовиш и Струмица, и секако во западниот дел на државата.
Бијлана Постолова
