Истанбул: Уапсени 40 странци во операција против ИД

19.09.2016 15:17

Операцијата е дел од акцијата на припадниците на безбедносните сили за борба против Исламска држава. Полицијата извршила претрес на 23 адреси при што се запленети многу документи и дигитални уреди за кои се верува дека се во сопственост на џихадистите.

Полицијата во Истанбул приведе 40 странски државјани поради сомнение дека престојувале во Сирија. Операцијата е дел од акцијата на припадниците на безбедносните сили за борба против Исламска држава. Полицијата извршила претрес на 23 адреси при што се запленети многу документи и дигитални уреди за кои се верува дека се во сопственост на џихадистите.

Во меѓувреме, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган најави нова офанзива против екстемистите. Изминатиот месец Турција за првпат прати тенкови преку границата, почнувајќи ја борбата против џихадистите и Курдите.  Операцијата „Штитот на Еуфрат“ ја почнаа на 24 август со поддршка од коалициските сили. Досега успеале да исчистат територија од речиси илјада квадратни километри кај Џараблус и Ал-Рај.

„Ни велеа дека ќе ни бидат потребни 4 месеци, но успеавме да ја завршиме операцијата за 20 дена. Сега напредуваме кон Ал Баб. Акцијата продолжува се додека областа не престане да претставува закана за Турција“, изјави претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган.

Инаку, седумдневното примирје во Сирија, договорено во рамките на руско-американскиот договор, беше прекршено неколкупати. Најважниот дел од спогодбата за достава на хуманитарна помош во опколените сириски подрачја не се почитува.

„Нозете ми се повредени, не можев да побегнам без помош од пријателите.“

„Одамна размилсувам да се предадам, но ми рекоа ека ако го сторам тоа, сириските владини сили ќе ме застрелаат. Потоа, дознав од пријатели дека сите што се предале добиле амнестија.“

„Милитантите ги користат луѓето како робови. Ги тепаат, не ги хранат и  ги убиваат дезертерите.“

Според планот, по истекот на примирјето, треба да се воспостави заеднички центар за координација на нападите врз групите кои не се вклучени во договорот. Иако Русија и САД најавија продолжување на примирјето за 48 часа се уште не е потпишан никаков договор за тоа. 

Бегалската криза предизвикана од војната во Сирија глобално го зголеми бројот на азиланти на рекордно ниво. Според Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), лани биле регистрирани 1,65 милиони азиланти.