Почна издавањето потврди за ослободување од партиципација на ранливите категории
За таа цел до Центрите за социјални работи се доставени осум унифицирани потврди за статусот на децата со посебни потреби, корисниците на постојаната парична помош, лицата сместени во установи за социјална заштита или во друго семејство и лицата со интелектуална попреченост без родителска грижа.

Веќе не постојат законски пречки најранливити категории граѓани да бидат ослободени од партиципација за здравствено осигурување, посочи ресорната министерката Фросина Ременски на прес- конференција.
За таа цел до Центрите за социјални работи се доставени осум унифицирани потврди за статусот на децата со посебни потреби, корисниците на постојаната парична помош, лицата сместени во установи за социјална заштита или во друго семејство и лицата со интелектуална попреченост без родителска грижа.
Воедно на прес- конференцијата Ременски апелираше до сите градинки коишто претрпеле штета од земјотресите, а имаат наод и записник од Институтот за земјотресно инженерство да ги приложат за да може министерството да преземе дејствија за да се коригираат условите во коишто се згрижуваат децата.
Истовремено Ременски посочи дека од градинката „11 Октомври“ во која ИЗИС утврди сериозни нарушувања, дечињата се рапределени во други две градинки.
Фиљана Кока
