Груевски промовираше 4 мерки од областа на спортот

19.09.2016 16:06

Станува збор директна поддршка за спортистите, клубовите, федерациите, Македонскиот олимписки комитет...

Зголемена поддршка од државата за спортските федерации и олимпискиот комитет, ограничено ослободување од данок на добивка на компаниите кои ќе финасираат спортски клубови, спортисти, федерации и МОК, директно буџетско финансирање на спортови кои немаат своја организирана лига и ангажирање врвни тренери од странство во спортските академии во Македонија- лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски промовираше 4 мерки од областа на спортот.

Станува збор директна поддршка за спортистите, клубовите, федерациите, Македонскиот олимписки комитет. Во периодот што следи мерките ќе бидат преиспитани на јавна расправа. Груевски појасни дека се добредојдени и сугестии и насоки од спортската фела за носење на квалитетни решенија за напредок во спортот.