Идентификуван напаѓачот во Њујорк
19.09.2016 15:22
Полицијата објави и фотографија од осомничениот.
Полицијата во Њујорк соопшти дека трага по 28-годишниот Ахмад Кан Рахами поради поврзаност со бомбашкиот напад во квартот Челси на Менхетан за време на викендот, јави Си-Ен-Ен.
Полицијата објави и фотографија од осомничениот.
Градоначалникот на Њујорк, Бил де Блазио изјави дека осомничениот би можел да биде вооружен и опасен. Тој додаде дека осомничениот е жител на Њу Џерси и оти е натурализиран американски државјанин.
