Помош од странски земји за погодените од поплавите
На трансакциските сметки на околу 3.515 семејства се префрлени милион и 20 илјади евра од Фондот за солидарност, известија денеска од Црвениот Крст на РМ. Во меѓувреме пристигнува помош и од странски земји директно за погодените од поплавите...

Ископување на рудни јами како превентивни езера е едно од можните решенија за справување со поплави. Израелски експерти го посети најпогоденото во поплавите скопско Стајковци. Според нив, за поголеми и пообемни води не е решение изградба на дренажни канали зашто го сметаат за застарен модел.
„Со вештачки изградени водотеци во тие јами може да се собере огормна количина вода како во вчетачките езера, а потоа таа вода се користи за најразлични намени“, смета Аври Левни, земјоделски инженер.
„Нашиот начин на работа е водата да ја третираме онака како што приордата ја третира, а не само да се подели на атмсоферска, отпадна и вода за пиење. Една поплава може да го наруши целиот еколошки систем како во погодените населни места. Секоја излена вода е неискористен ресурс“, вели Рам Вајсмен, инженер за води.
Освен експертска помош, Израел донираше и градежни материјали за најпогодените семејства од поплавите во Стајковци.
„Најважно од се е да сториме се што можеме да го пренесеме искуството на Израел која е водечка земја во светот со менаџментот со води и водни инфраструктури. И тоа искуство да го искористиме со еден сеопфатен пристап ќе се избегнат сите видови проблеми кои можат да донесат последици“, вели амбасадорот на Израел во земјава, Дан Оријан.
Помош стигна и од Руската Федерација. Во Дирекцијата за заштита и спасување донирани пумпи, агрегати, кебиња и конзервирана храна.
„Русија има големо искуство во борбата против елементарните непогоди и катастрофи. Секогаш сме подготвени да го споделиме искуството и знаењата и технологии со сите членови на меѓународната заедница“, рече Олег Шчербаг, амбасадор на Русија во Македонија.
Парите кои преку Фондот на солидарност ги собра Црвениот Крст се префлени на сметките на повеќе од 3.500 семејства. 200 домаќинства не ја добиле оваа финансиска помош бидејќи податоците не им биле целосни, по корекцијата помошта ќе им биде префрлена.
Андријана Атанасовска
