Иванов: Македонија има проактивен и превентивен пристап во справувањето со илегалната миграција
Претседателот Иванов имаше обраќање во Обединетите нации поврзано со илегалната миграција. Рече дека земјава има проактивен и превентивен пристап за ова прашање...

Потребен ни е заеднички пристап за справување со мигрантската криза и намалување на безбедносните ризици преку јасно разграничување меѓу правниот и хуманитарниот, политичкиот, економскиот, социјалниот и безбедносниот аспект на кризата, истакна претседателот Иванов во своето обраќање на Состанокот на високо ниво на Генералното собрание на Обединетите нации за големи движења на бегалци и мигранти.
И покрај внатрешната политичка криза, Македонија покажа дека има стабилни институции, што се виде во управувањето со мигрантската криза и намалување на безбедносните ризици. Сакам да упатам порака до Европската Унија: На Македонија и е потребна помош за да ви помогне вам. Вие не можете да ги заштитите вашите надворешни граници ако прво не ги обезбедите коридорите долж државите кои се надвор од ЕУ, нагласи претседателот Иванов во својот говор.
