Владата го усвои предлог- буџетот за 2017 година

20.09.2016 10:30

Проектиран економски раст од три насто и исто толкав буџетски дефицит. Вкупните приходи се планираат на ниво од 187,6 милијради денари, за 7,6 проценти повеќе од годинава...

Владата го усвои предлог буџетот за следната година. Проектиран економски раст од три насто и исто толкав буџетски дефицит. Вкупните приходи се планираат на ниво од 187,6 милијради денари, за 7,6 проценти повеќе од годинава.

Расходи се 206,22 милијарди денари за 4,5 насто повисоки од 2016-тата. Рекордна проекција на капиталните инвестиции, проектирирани на 26,95 милјради денари.

Според министерот за финансии Mиновски- во проекцијата на eкономскиот раст од три насто се инкорпорирани предвидувањата за глобалниот раст следната година, ефектите од Брегзит кои влијаат на успорување на растот на земјите членки од ЕУ, и очекувањата за домашната состојба , односно разрешување на политичката криза по завршување на парламентарните избори.

За јавниот долг Миновски очекува да биде под 50 насто со објаснување дека доспеваат за плаќање одредени кредитни линии.