Зимницата ќе биде поевтина од лани
Подготовката на зимницата годинава ќе биде поевтина од лани. На пазарите скоро сите зеленчуци се продаваат поевтино. Поскапи се само доматите за дури 44 и зелката за 26 проценти...

Домаќинките може порано да почнат со подготовките за зимницата која би требало и помалку да ги чини. Топлото време и влажната почва го направија своето. Зеленчукот созреа неколку недели пред вообичаеното.
Во септември, цените на скоро сите градинарски производи на зелените пазари се помали од ланските. Поголемо поевтинување има кај краставиците, дури 46, кај морковот 18 и кај црвените пиперки 12 проценти.
Скокнаа само зелката и доматот. Цените не ги намалија и се најскапи во овој период, и тоа за 44 зелката и 26 отсто доматот.
Оризот на пазарите и натаму паѓа од 80 на 70 денари или за 11 проценти помалку од лани.
Што се однесува на соседите во регионот, на пример, цените на зелените пазари во Србија се приближно како нашите, а во Црна Гора се скоро двојно повисоки.
Методија Трајков
