Спасувачка акција во Зрењанин

31.01.2014 18:59

Белград-Зрењанин

Невреме во Србија. Се уште трае драмата на патот Белград-Зрењанин, каде што сообраќајот е во прекин. Десетици лица и педесетина автомобили од синоќа се заробени, откако два шлепара го блокирале сообраќајот. Снегот и силниот ветер ја отежнуваат евакуацијата. Градските власти прогласија вонредна состојба. Големо невреме и во Словенија, Австрија и Италија. Обилните дождови предизвикаа проблеми во сообраќајот во Рим, додека  некои делови од Словенија  се без електрична енергија, а учениците не посетуваат настава.

Велика Британија

Од изутрината е зголемено нивото на радијација во британската нуклеарна централа „Селифилд“. Претставник на централата изјави дека ваквото решение е мерка на претпазливост, нема  ризик за здравјето на  населението и околината.

Нортон

Реформите во Европската унија главна тема на средбата меѓу британскиот премиер Камерон и францускиот претседател Франсоа Оланд, која денеска се одржува во база на военото воздухопловство во Нортон. Двајцата лидери ќе разговараат и за прашањата поврзани со енергетиката, одбраната и науката.

Берлин

Државниот секретар на САД Џон Кери по средбата со министерот за надворешни рботи на Германија Штајнмаер изјави дека Америка и Германија имале бурен период по аферата за прислушување на канцеларката Меркел. Тој го истакна значењето за подобрување на односите меѓу двете земји, како и за решавање на некои стратешки теми.

Марија Петковска