САД го осудија нападот врз хуманитарниот конвој во Алепо

20.09.2016 10:00

Обединетите Нации потврија дека биле уништени камиони неколку часа откако војската прогласи крај на примирјето договорено меѓу САД и Русија...

Американската влада најстрого го осуди нападот врз хуманитарниот конвој кај сирискиот град Алепо во кој загинаа 12 луѓе.

Обединетите Нации потврија дека биле уништени камиони неколку часа откако војската прогласи крај на примирјето договорено меѓу САД и Русија.

Официјален Вашингтон најави дека ќе ги преиспита условите за натамошна соработка со Москва, бидејќи дестинацијата на конвојот им била позната на сирискиот режим и на руската федерација.

Според Сириската опсерваторија за човекови права, зад нападот стојат или сириски или руски авиони. Официјален Дамаск се уште не даде коментар.