Пожар во бегалскиот камп Морија во Грција

20.09.2016 11:03

Засега нема информации за човечки жртви. Работата на противпожарните екипи била отежаната поради тепачките меѓу неколку групи мигранти.

Околу четири илајди мигранти побегнале од кампот „Морија“ на грчкиот остров Лезбос поради пожар кој уништил голем дел од шаторите. Засега нема информации за човечки жртви. Работата на противпожарните екипи била отежаната поради тепачките меѓу неколку групи мигранти.

Причините за пожарот засега не се познати, но полицијата претпоставува дека најверојатно тој бил предизвикан намерно.

Според весникот „Катимерини“, немирите и пожарот биле предизвикани поради неофицијалните гласини дека властите планираат наскоро да ги вратат во Турција.