Северна Кореја лансираше ракета со нов тип на мотор

20.09.2016 10:28

Лидерот Ким Јонг-Ун го надгледуваше тестирањето во вселенскиот центар „Сохе“ во западниот дел од земјата.

Северна Кореја изведе уште едно ракетно тестирање, но овој пат со нов тип на мотор со капацитет да лансира разни видови на сателити.

Лидерот Ким Јонг-Ун го надгледуваше тестирањето во вселенскиот центар „Сохе“ во западниот дел од земјата.

Пробата се извршува во период на зголемени тензии со западните земји поради неодамнешниот петти по ред нуклеарен напад.

САД, Јужна Кореја и Јапонија побараа нова резолуција од Обединетите Нации за Северна Кореја.