Американската Влада по грешка им дала државјанство на повеќе од 800 бегалци
20.09.2016 11:28
Мигрантите користеле различни имиња или датуми на раѓање со цел да аплицираат за државјанство, а прекршоците не биле откриени бидејќи отпечатоците од прстите на овие луѓе ги немало во владините бази на податоци.

Американската Влада по грешка им дала американско државјанство на најмалку 858 мигранти од земји кои претставуваат опасност за безбедноста на САД или држави кои имаат највисок раст на миграциски измами.
Мигрантите користеле различни имиња или датуми на раѓање со цел да аплицираат за државјанство, а прекршоците не биле откриени бидејќи отпечатоците од прстите на овие луѓе ги немало во владините бази на податоци.
Во извештајот од внатрешната контрола не се споменуваат имињата на мигрантите, ниту од кои земји потекнуваат.
