Богов: НБРМ ќе ги ревидира проекциите за идната година
Според Богов, Владата најдобро знае дали се остварливи проекциите во Предлог- буџетот што беше усвоен на вчерашната владина седница и денеска треба да го достави до Собранието.

Народната банка на Република Македонија ќе ги ревидира своите претходни проекции за идната година. На почетокот на ноември ќе го соопштиме нашето видување на економскиот раст во наредната година, изјави денеска гувернерот на НБРМ, Димитар Богов.
НБРМ дава најдобар придонес за остварување на економскиот раст со задржување на ценовната стабилност и стабилноста на банкарскиот систем, изјави Богов, одговарајќи на новинарски прашања по денешната промоција на информативно-едукативните филмови „Народна банка - 70 години во служба на македонското општество“ и „Запознајте ја централната банка“.
Според Богов, Владата најдобро знае дали се остварливи проекциите во Предлог- буџетот што беше усвоен на вчерашната владина седница и денеска треба да го достави до Собранието.
НБРМ, потенцира Богов, ќе се прилагоди на секој буџет што ќе биде донесен односно ќе ја прилагоди монетарната политика за да се остварат основните цели на НБРМ, а тоа е монетарната стабилност и стабилноста на банкарскиот сектор.
