Бугарија ќе додели 150.000 евра помош за поплавените во Скопско
20.09.2016 11:48
Средствата ќе бидат уплатени во два еднакви износа на сметката на Црвениот крст на Македонија...

Финансиска помош од вкупно 300.000 лева (150.000 евра) ќе додели Владата на Бугарија за Македонија како дополнување на техничката и хуманитарната помош, која Софија ја донира за справување со последиците од поплавите од 6 и 7 август во Скопскиот и Тетовскиот регион, пренесе бугарската национална новинска агенција БТА.
Како што соопшти прес-службата на бугарската Влада, средствата ќе бидат уплатени во два еднакви износа на сметката на Црвениот крст на Македонија за надминување на последиците од поплавата и на сметката на Министерството за финансии за справување со материјланите штети.
