Мигрантска криза: Австрија ќе постави ограда на границата со Унгарија

20.09.2016 13:32

Бариерата ќе биде подигната во близина до преминот преку кој лани влегле стотици илјади луѓе

Австрија се подготвува да постави ограда на границата со Унгарија доколку бидат активирани построги мерки за враќање на бегалците. Бариерата ќе биде подигната во близина до преминот преку кој лани влегле стотици илјади луѓе.

Бегалскиот бран од Блискиот Исток и од Африка предизвика криза во Европа. Унгарија веќе постави ограда кон Србија, а балканските земји воведоа ограничувања во координација со Австрија со што ја затворија Балканската рута.