Извори од грчко МНР: За соработка и напредок треба власт која што нема да ја присвојува „грчката“ историја

20.09.2016 14:11

Метју Нимиц во петок во Њујорк ќе се сретне со шефот на грчката дипломатија Никос Коѕиас. Извори од грчкото Министерство за надворешни работи за грчкиот јавен сервис ЕРТ изјавиле дека на состанокот не се очекува ништо значајно поради како што велат „политичките проблеми и застојот во Македонија“...

Специјалниот посредник за разликите со името Метју Нимиц во петок во Њујорк ќе се сретне со шефот на грчката дипломатија Никос Коѕиас. Извори од грчкото Министерство за надворешни работи за грчкиот јавен сервис ЕРТ изјавиле дека на состанокот не се очекува ништо значајно поради како што велат „политичките проблеми и застојот во Македонија“.

„Ако не се стабилизира состојбата и ако не се добие власт, не можете да имате соговорник за да се напредува во ова прашање“, изјавил извор од грчкото МНР.

Истите извори велат и дека во рамките на последната посета на Македонија, шефот на грчката дипломатија одржал историски говор испраќајќи порака за соработка, но под услов нашата земја да го напушти, како што се наведува, политичкото присвојување на „грчкото минато и обожувањето на антиката“.

 

Марија Котовска- постојан дописник од Атина за МРТ