Цветков: Субвенции од три денари за килограм откупено грозје „вранец“
Одлуката е доенесена по нивната најава дека ќе го намалат откупот на годинашниот род поради големиот наплив на вина од други земји.

Три денари субвении за килограм откупено грозје „вранец“ ќе добиваат винариите. Одлуката е доенесена по нивната најава дека ќе го намалат откупот на годинашниот род поради големиот наплив на вина од други земји.
Имаме и голем притисок за откуп на сортата „вранец“ имајќи предвид дека таа е веќе стасана, и треба да се откупи во наредните неколку дена. Доколку не неправиме да се откупи, постои можност да остане на лозовите плантажи. Владата на РМ на седницата која се одржа вчера донесе одлука да го стимулира откупот, истакна Цветков.
Според министерот, се предвидува да се откупат околу 30 до 35 милиони килограми „вранец“.
Цетков информираше дека до вчера откупени се над 43 милиони килограми грозје од кои 26 милиони се од сортата „вранец“, а останатите се други видови грозје.
