Се очекува нов бран бегалци

20.09.2016 16:02

Земјите членки ги прекршуваат законите на унијата, да се преземат мерки и санкции, да се редефинира мигрантската политика во пресрет на новиот миграциски бран што се очекува следната пролет- оценка од меѓународната конференција за мигрантите што се одржа во Скопје...

Нов бран бегалци напролет се очекува од Средоземјето. Поради договорот меѓу ЕУ и Турција најголемиот налет според аналитичарите веројатно ќе биде кон Италија. Сметаат дека Европа потфрли при првиот бран мигранти пред сѐ поради тоа што наместо санкции дозволи некои од земјите- членки, како Унгарија на пример, да се извлечат иако ја прекршија регулативата на Унијата.

Од Европското движење на Италија сметаат дека голем проблем претставува регистрацијата на бегалците, односно утврдувањето дали тие се бегалци или мигранти.

Во Турција има три милиони бегалци и предизвик за земјата во наредниот период е како на тие луѓе да им се обезбеди засолниште, работна дозвола, државјанство, но пред сѐ образование, смета универзитетскиот професор од Турција, Дениз Шенол Серт.

И претседателката на Европското движење во Македонија, Милева Ѓуровска смета дека тешкотиите произлегуваат од несразмерната одговорност на државите во рамки на Унијата.

 

Фиљана Кока