Градежниците бараат побрза катастарска постапка

20.09.2016 16:20

Преку ова очекуваат да се намалат административните процедури и да се скрати периодот на еден инвестициски циклус.

Градежниците бараат побрзи катастарски постапки за спроведување на своите инвестиции. Преку ова очекуваат да се намалат административните процедури и да се скрати периодот на еден инвестициски циклус.

„Бараме да се отворат посебни шалтери за правни и посебни шалтери за физички лица со што бенефит би имале и двете страни. Со воведувањето на овој начин на функционирање ќе се допринесе за намалување на административните процедури и за скратување на периодот на времетраење на еден инвестициски циклус“, изјави Роберт Хот, претседател на Градежната комора на Македонија при ССК.

Компаниите од 10 октомври на располагање ќе го имаат Регистерот на градежно земјиште, велат од Агенцијата за катастар на недвижности.

Според податоците, градежништвото во второто тромесечие од годинава забележало пораст од 31 процент.