Бомбашот од Њујорк уапсен по дојава од неговиот татко

21.09.2016 10:54

Од Федералното истражно биро соопштија дека истрагата следела по дојавата од неговиот татко кој и претходно се обидел да ги предупреди за плановите на својот син, но поради недостиг од докази, ФБИ не можеле да го обвинат.

Американецот со авганистанско потекло,  уапсен поради бомбашките напади во Њујорк и Њу Џерси, е обвинет по четири точки, а една од нив е употреба на оружје за масовно уништување. Од Федералното истражно биро соопштија дека истрагата следела по дојавата од неговиот татко кој и претходно се обидел да ги предупреди за плановите на својот син, но поради недостиг од докази, ФБИ не можеле да го обвинат.

„Пред две години им јавив на ФБИ. Никој не знаеше дека тој би бил проблем за училиштето или општеството“, изјави Мохамед Рахами, татко на осомничениот.

Рахами беше ранет во престрелка со полицијата поради што не беше однесен на распит. Во дневникот што го пронашла, Рахами го идолизира Осама бин Ладен, и ја обвинува американската влада за убиствата во Авганистан, Ирак, Сирија и Палестина.

Последите напади се терористички, според Белата куќа, па во тек е и потрага по можни соучесници на 28-годишниот Рахами. Во нападите се повредени над 30 луѓе.