Меј: Британија по излегувањето од ЕУ нема да му го сврти грбот на светот
21.09.2016 11:06
„Кога британскиот народ гласаше за излегување од ЕУ, не гласаше за изолирање ни за дистанцирање од нашите партнери во светот“, нагласи Меј.

„Британија по излегувањето од Европската унија нема да му го сврти грбот на светот, земјата сака да остане во фокусот на меѓународната политика“, изјави британската премиерка Тереза Меј.
„Кога британскиот народ гласаше за излегување од ЕУ, не гласаше за изолирање ни за дистанцирање од нашите партнери во светот“, нагласи Меј.
Британија ќе биде отворена за светот и глобален партнер во средиштето на меѓународните напори за да обезбеди мир и просперитет на сите луѓе, додаде Меј.
