Белата куќа ја обвини Москва за нападот врз хуманитарниот конвој во Сирија
21.09.2016 11:25
Министерството за одбрана во Москва демантираше дека нивни авиони учествувале во нападот, вперувајќи го прстот кон милитантите на Фронтот Ал Нусра.

Белата куќа ја обвини Русија за воздушниот напад врз хуманитариот конвој во Сирија во кој загинаа 20 цивили. За американските власти, винови се сириските или руските владини сили.
Министерството за одбрана во Москва демантираше дека нивни авиони учествувале во нападот, вперувајќи го прстот кон милитантите на Фронтот Ал Нусра.
Обединетите нации ги прекинаа хуманитарните конвои за Сирија.
