Аутлет цените привлечни за граѓаните

21.09.2016 11:30

Како што соопштуваат од Скопскиот саем, на Есенскиот Дома саем граѓаните ќе може да најдат сѐ за домот по намалени аутлет цени...

Скопски саем од 23-ти септември до 2-ри октомври ќе биде домаќин на 4-тото издание на Есенскиот Дома саем, што ќе се одржи во три саемски хали. Како што соопштуваат од Скопскиот саем, таму ќе може да се најде сѐ за домот по намалени аутлет цени.

„Оваа недела добивме навистина голем број на прашања поврзани со Есенски Дома саем. Можам да потврдам дека станува збор за аутлет саем кој ќе понуди сè за домот, а посетителите ќе можат да уживаат во големите намалувања на нашите изложувачи. Десетдневното траење на саемот овозможува луѓето и повеќе пати да дојдат на саемот и да го одберат своето омилено парче модерен мебел или пак некоја опрема за домаќинството со што комплетно ќе можат да го уредат или пак да го реновираат својот дом. Оваа година добивме навистина одлични критики и позитивен фидбек по Саемот за Мебел кој го сруши рекордот по посетеност. Од тука знаеме дека граѓаните се интересираат за саемите каде се продава мебел и останати работи за домот и поради тоа решивме Есенски Дома Саем да трае 10 дена“, изјави Сања Кондарко, оперативен директор на проект во Скопски саем.

Влезот на саемот ќе биде бесплатен, а неговото работно време ќе биде од 10 до 20 часот.