Протести во Шарлот по убиството на Афроамериканец од полицаец

21.09.2016 13:53

Демонстрантите уништиле и полициско возило. 43-годишниот Кит Скот кој беше застрелан од афроамерикански полицаец им подлегна на повредите.

12 полицајци се повредени во судирите со демонстрантите во американскиот град Шарлот, Северна Каролина кои протестирале поради убиството на уште еден Афроамериканец. Демонстрантите уништиле и полициско возило. 43-годишниот Кит Скот кој беше застрелан од афроамерикански полицаец им подлегна на повредите.

Претходно полицаец застрела Афроамериканец во Тулса, Оклахома. Нередите почнаа откако властите соопштија дека Теренс Крачер бил невооружен.  Полицијаците мислеле дека носи оружје во раката кога излегол од автомобилот. Подоцна утврдиле дека убиениот немал оружје ни на себе, ни во возилото.

„Баравме одговори и факти, и ги добивме преку видеото. Ужасно ни е. Итно да се поднесе тужба против овој неспособен полицаец кој го уби брат ми“, вели Тифани Крачер.

Пред неколку месеци, слични пресметки меѓу полицијата и афроамериканските цивили се случија во Тексас и Њу Орлеанс. Најцрната статистика му припаѓа на Чикаго каде што годинава се регистрирани 487 убиства и 2800 напади со огнено оружје.