Доделени 10 грантови за приватни старски домови
Како што изјави дополнителниот заменик министер за труд и социјална политика Диме Спасов, овие 10 приватни домови, ќе отворат капацитет од околу 350 дополнителни легла за старите лица и над 100 работни места.

Десет приватни старски домови денеска добија грантови во висина од 750 илјади денари. Средствата се наменети за набавка на опрема и репроматеријали. Според надлежните, на ваков начин ќе се зголеми капацитетот за згрижување стари лица во приватни домови, ќе се обезбедат дополнителни работни места, а ќе се зголеми и конкуренцијата што треба да влијае и на подобрување на условите за згрижување.
Како што изјави дополнителниот заменик министер за труд и социјална политика Диме Спасов, овие 10 приватни домови, ќе отворат капацитет од околу 350 дополнителни легла за старите лица и над 100 работни места.
Со ова не само што ќе се зголемат квалитетот и условите за згрижување на старите лица, туку и дополнително ќе се мотивираат и оние што планирале во иднина да отворат старски домови, да дојдат во АВРМ, и да поднесат апликација, рече директорот на Агенцијата, Влатко Поповски.
Поради успешноста на мерката, надлежните размислуваат таа да биде дел и од оперативниот план за активни мерки и политики за 2017 година.
