Проект за јакнење на доживотното учење и модернизација на средното стручно образование

21.09.2016 14:34

Ќе бидат изготвени пилот програми, обуки ќе добијат наставниците и директорите на стручните училишта. Целта е да се зголеми вработливоста кај младите.

Јакнење на доживотното учење и модернизација на средното стручно образование е новиот проект на Министерството за образование и Европската Унија кој треба да ги поврзе завршените ученици со стопанството. Ќе бидат изготвени пилот програми, обуки ќе добијат наставниците и директорите на стручните училишта. Целта е да се зголеми вработливоста кај младите.

Министерот за образование и наука Пиштар Лутфиу на претставувањето на проектот рече дека улогата на центарот за образование на возрасните е да се промовира еден функционален, модерен систем за образование на возрасни компатибилен со Европската унија во контекст на доживотно учење што обезбедува висок квалитет на обука и квалификација, како и можности да се задоволат потребите на целото население, подобрување на можностите за вработување и претприемништво за исполнување на пазарот на труд, како и да придонесе за економски, социјален и личен развој.

Обуката и тренингот во германија е клучниот фактор во борбата против невработеноста кај младите, но не само кај младите, туку и за да се стекнат вештини, да се зголеми продуктивноста, економски раст и на крај просперитет. Чекор по чекор и овај систем може да се префрли во Македонија, смета амбасадорката на Германија во земјава, Кристине Алтхаузер.

Проектот ќе трае до ноември 2017 година.