Вељаноски денеска ќе ги распише претседателските избори

01.02.2014 09:20

Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски денеска ќе ги распише...

Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски денеска ќе ги распише претседателските избори и ќе го соопшти датумот на нивното одржување.  
 
Уставна надлежност и обврска на претседателот на Собранието е да ги распише изборите. Во конкретниот случај имаме редовни претседателски избори кои треба да се одржат во периодот од 12 март до 12 мај, изјави Вељаноски вчера во интервју за МИА.
 
Се очекува петтите претседателски избори во Македонија да се одржат во април. Кампањата ќе започне дваесет дена пред изборите, а партиите се уште не излегле со кандидатури за шеф на државата.
 
Решението за распишување на изборите Собранието ќе го достави до Државната изборна комисија, која, според нејзиниот претседател Никола Рилкоски, е подготвена за реализација на изборниот процес, но и за одржување на предвремени парламентарни избори.