Клинтон трошела повеќе пари за кампањата од Трамп

21.09.2016 16:35

Август бил најскапиот месец во кампањата на Клинтон, надминувајќи го претходниот месечен максимум за над 12 милиони долари.

Кандидатката на Демократската партија за претседател на САД Хилари Клинтон минатиот месец дневно трошела 645.000 долари повеќе од нејзиниот ривал од Републиканската партија Доналд Трамп, покажуваат нивните финансиски извештаи.

Август бил најскапиот месец во кампањата на Клинтон, надминувајќи го претходниот месечен максимум за над 12 милиони долари.

Клинтон води конвенционална кампања со купување мултимилионски огласи, додека Трамп се фокусира на релативно ниски трошоци, главно поради тоа што има неограничено покривање од бесплатни медиуми.