САД го поддржуваат членството на Македонија во НАТО и во ЕУ
САД го поддржуваат членството на Македонија во НАТО и во Европската Унија, му порачал американскиот претседател Барак Обама на шефот на македонската држава Ѓорге Иванов на приемот за претседателите и премиерите кои учествуваат на Генералното собрание на Обединетите нации. Иванов се сретнал и со генералниот секретар на НАТО, Столтенберг, со чешкиот претседател Земан, со генералниот секретар на ОБСЕ, заниер. На овие неформални состаноци било разговарано за регионот, за мигранстаката криза и за безбедносните предизвици...

Соединетите Американаки Држави ја потврдиле поддршката за реализирање на македонските државни приоритети, членството во НАТО и во Европската Унија, во краткиот неформален разговор меѓу македонскиот и американскиот претседател во рамките на приемот што Барак Обама го приреди за шефовите на делегациите учесници на Генералното Собрание на Обединетите Нации во Њујорк. На Меѓународниот ден на мирот, Генералниот Секретар на светската организација упати порака до земјтечленки да дејствуваат сега и да работат заедно за подобра иднина.
„Одржливиот развој е клучен за постојан мир и двете работи зависат од почитувањето на човековите права. Ова е време на немири и несигурност. Луѓето се плашат од следната екстремна бура, терористички напади или појава на епидемија. Но ова исто така е време на шанса да се насочи светот во добра насока“, изјави Бан Ки-Мун-Генерален секретар на Обединетите нации.
Дијалогот меѓу различните нации има важна улога во градењето на мирот, заклучиле шефот на државата Иванов на средбата со Високиот претставник на ОН за Алијансата на цивилизации, Насир Абдулазиз Ал-Насер. На средбата во рамките на 71-то Генерално Собрание, Иванов истакнал дека македонскиот модел на инклузивно општество каде се негува традицијата на дијалог и почитување на различноста треба да биде пример за останатите членки. Алијансата на цивилизаии на ОН и Фондацијата Алијанса на цивилизации во Скопје потпишаа Меморандум за интензивирање на соработката.
Земјите членки на Обединетите нации заклучија дека конфликтите во светот можат да се надминат со дијалог.
Ирина Гелевска, специјален известувач од Њујорк за МРТ
