Ново рочиште за судскиот процес „Дива населба“
22.09.2016 10:42
Процесот почна на 9-ти февруари и оттогаш беше прекинуван неколкупати поради спојувањето на предметите „Дива Населба“ и „Молња“.

Денеска е закажано ново рочиште за судскиот процес „Дива населба“, во кој се обвинети 37 лица за тероризам. Рочиштето е сè уште затворено за јавноста, бидејќи се испитуваат заштитените сведоци.
Процесот почна на 9-ти февруари и оттогаш беше прекинуван неколкупати поради спојувањето на предметите „Дива Населба“ и „Молња“.
Во предметот „Дива Населба“ се обвинети 29 лица кои се товарат за терористичко организирање и тероризам. Во предметот „Молња“, пак, обвинети се 8 лица за помагање на вооружената група.
При справувањето со терористичката група лани во Куманово загинаа осум припадници на МВР.
